Вошка доби име по лик од „Господар на прстените“

Вошка долга два милиметри на Нов Зеланд доби име по ликот Фродо Багинс од приказната „Господарот на прстените“. Името на новооткриените растителни вошки е Psylla frodobagginsi.

Според пронаоѓачите, инсектот е долг скоро два милиметра, а бидејќи ги потсетила на познатиот хобит – човек со мал раст. Откритието е тема на докторатот на истражувачот Франческо Мартони, кој заедно со д-р Карен Армстронг од Линколн универзитетот, успеалe да дефинираат два вида вошки собрани од 21 локација на Јужниот Остров од земјата.

Вошките фродобагинси не се првиот новооткриен вид именуван по лик од приказната. Во овој список од претходно се наоѓаат осата Леголасија (Legolasia), рибата Aenigmachanna gollum, пајакот Саурон (Sauron) и полжавот Смигол (Smeagal).

Scroll to Top