Поп-пејачката Елена Ристевска објави фотографија на Инстагарм на која е без шминка. Таа напиша и текст под фотографијата во која раскажа за своите несовршености. „Утрово се разбудив ваква. И имам широк нос, црвенило, акни, подочници, имам кратки трепки, несовршени веѓи и уште многу несовршености. И да, не сум совршена. А кому му е битно? Се сакам себеси, како и да е“, вели Елена. И додава: „Не се гледа на фотката, но не сум доволно висока и не сум доволно слаба. Доволно? Според она што општеството го одредува дека е доволно. Па, немојте никогаш да дозволите некому да направи да се сомневате во себеси. Секогаш чекајте го оној кој ќе ги обожава вашите несовршености“.
По оваа објава, таа доби поддршка од своите фннови и еден куп комплименти од своите пријатели.