Ако сте меѓу оние кои планираат во текот на следната година да застанат на лудиот камен, ѕвездите велат дека најдобро време да го кажете судбоносното „ДА“ во зима.
Британскиот астролог Керолин Фолкнер отркил за Дејли мејл дека, од астролошко и нумеролошко гледиште, најповолен ден за венчавка е 20 февруари 2020 година.
Бројот два во нумерологијата симболизира одлучност и сила, додека во астрологијата со него владее љубовната планета Венера.
Овој датум наговестува емоционална стабилност, зајакната поврзаност и одговорност спрема договорот, а тоа е и ден кога Сатурн, Јупитер, Плутон, Марс и Месечината ќе бидат во знакот на Водолија, вели Керолин Фолкнер.
Таа исто така додала дека таквата комбинација последен пат се случила во шеесетите години од минатиот век.
„Паровите кои ќе се одлучат да се венчаат на овој ден ќе имаат поголеми шанси од останатите со леснотија да ги надминат сите препреки на кои ќе наидат во текот на заедничкиот живот и ќе имаат среќен брак“, смета таа.