(Фото) Искршена колата и ограбен пејачот Даниел Данн

Колата на поп-пејачот Даниел Данн е искршена на паркинг во Скопје, дознава „Репортер“. Вознемирен, Даниел ни потврди дека веста е точна и дека непознати лица го ограбиле. Тој ни раскажа дека колата ја паркирал во Градскиот парк и дека кога се вратил еден час подоцна, видел дека задното стакло било искршено, а од колата му биле украдени мобилен телефон, лаптоп и уште неколку лични предмети.

„Направена е голема материјална штета. Уште не можам да сфатам како некој среде бел ден се осмелил да го искрши стаклото и да ги земе работите што беа оставени под возачкото седиште. Повикав полиција, направија увид, па се надевам дека ќе ги најдат крадците. Не дека очекувам брза разрешница, ама апелирам до сите да внимаваме повеќе на своите работи“, рече Данн за „Репортер“.

Даниел неодамна најави дека годинава ќе пее на „Макфест“ во Штип. Тој ќе настапи прв на втората полуфинална вечер (11 октомври), со песната „Завртив круг“ од Кристијан Габроски.

А.Ј

Scroll to Top