Гром удри во авионот со кој летаa Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ

Гром го погодил приватниот авион на НБА клубот „Сакраменто Кингс“, во кој летаа поранешните кошаркари Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ. Настанот се случил денес, кога авионот кој летал од Индија кон Англија, се спуштал на пистата во Лондон, пишува ЕСПН.

Освен Дивац, кој е претседател на кошаркарските операции на „Кингс“ и Стојаковиќ, кој пред неколку години играше за клубот од Сакраменто, во авионот биле уште неколку членови од раководството на тимот, како и претставници на медиумите. Авионот слетал без проблеми, а неколку часа подоцна го продолжил летот кон Америка. Во авионот не биле членовите на стручниот штаб и кошаркарите – тие патувале со авионот на познатиот рапер Дрејк. Инаку, „Сакраменто Кингс“ неколку дена беа во Индија каде одиграа два натпревари со „Индијана
Пејсерс“.

Новата НБА сезоната ќе поччне на 23 октомври, а „Кингс“ првиот меч ќе го одиграат на 24 октомври против „Финикс Санс“.

Scroll to Top