Норвешкиот композитор Томас Бергенсен ја украл песната „Излел е Делјо хајдутин“ на бугарската пејачка Валја Балканска, за потребите на снимањето на филмот Tumoroulend. Во филмот главните улоги ги толкуваат Џорџ Клуни и Хју Лори. Валја Балканска вели дека е разочарана што нејзината песна ја искористиле во трејлерот на филмот без нејзино одобрение.
„Поминаа толку многу години и никој не ме бараше. Не се извинија. Никој не се сети на мене. Искрено, не сум изненадена, таква е човечката психологија. Многумина ја пееја, многумина ја украдоа, но мило ми е што бугарската песна ги освои и небото и земјата“, изјави Балканска за бугарските медиуми.
Бергенсен оттогаш неколкупати во јавноста се обидел да објасни дека се обидел да стапи во контакт со неколку бугарски организации за да го открие потеклото на песната. Откако не добил одговор, Норвежанецот помислил дека изведувачот на песната можеби е веќе починат.
Законите наложуваат дека по 60 години од смртта на изведувачот, песната е ослободена од авторско право. Бугарските медиуми објавија дека Бергенсен е подготвен да ѝ се извини на Балканска и да го реши прашањето за плаќање авторски права. Пејачката изјави дека дури и по два месеца, никој не ѝ се јавил.