Канадски научници од државната агенција DREA велат дека ја знаат причината за потонувањето на бродот „Титаник“ во Атланскиот Океан. Тие зeле примероци од бродот и направиле симулирана несреќа. Се утврдило дека бродот немал никакви шанси да преживее ни многу послаб удар од оној во сантата мраз.
Научниците заклучиле дека технологијата во тоа време не била доволно развиена за да може да се изгради таков џиновски брод, кој би бил безбеден за пловидба. Кога го симулирале сударот на челичните плочи со еквивалентна пречка како сантата мраз, во која удрил „Титаник“, челикот се распрснал како стакло.
Резултатот бил идентичен како оние искршени штици и челик кои ги нашле на дното во океанот. Експертите за материјал веднаш забележале грешка во челичната конструкција на бродот и во завртките кои ја поврзувале конструкцијата со костурот на бродот.
Тие велат дека веќе долг период во физиката е познато дека челикот под одредени услови не е еластичен, туку зацврстува и при каков било удар пука. Ниската температура на водата, високото ниво на сулфур во челикот и силниот удар при брзина од 42 километри е причината за потонувањето на „Титаник“. Научниците велат дека доволно била само една од наведените причини да се случи за „Титаник“ потоне.
На тоа се надоврзала и четвртата кобна околност. Кога научниците првпат ги прегледале парчињата конструкција се вчудовиделе кога виделе дека истите биле пресечени како со жилет. Се утврдило дека во такви околности тие веднаш попуштиле. Канаѓаните велат дека сега им е јасно како настанала големата дупка во трупот и зошто „Титаник“ потонал 24 пати побрзо.
Во кобната ноќ на 14 април 1912 година, кога во Атлантикот потона „Титаник“, загинаа 1514 луѓе. Бродот кој потона на првото патува, заплови од пристаништето во Саутхемптон, во Англија кон Њујрок.