Актерите Бурак Озчивит и Фахрие Евџен се една од најпознатите двојки, а фановите со голем интерес го следат секој нивен потег. Тие од неодамна се родители и многу се пишуваше за синот Каран, како и за нивната венчавка.
Сега, според турските медиуми, Бурак и Фахрие живеат во нејзиниот стан, кој го купила многу пред да се сретнат.
Тоа е дуплекс поткровје кое има 240 квадратни метри. Во долниот дел има дневна, кујна, три спални соби, бања и остава, а на горниот кат има работна соба, бања, соблекувална, спална и голема тераса.
Покрај татковството, Бурак наголемо се спрема за снимањето на серијата Осман Газија .