(Видео) Драгана Мирковиќ го заборави текстот на песната среде емисија

Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ го заборави текстот на својата песна „Само да те видам“ среде емисија. Таа деновиве гостуваше во емисијата „Максимално опуштено“ и додека пееше на плејбек се збуни и праша „има ли трета строфа?“. Таа продолжи да игра, па повторно праша: „Што ќе правиме сега?“. И покрај тоа пејачката продолжи да игра и да смее сама на себе. 

Пејачката, која и денес важи за една од најпопуларните српски фолк-пејачки, неодамна прослави 19 години брак.

https://www.instagram.com/p/B3Skn35nfcG/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix

Scroll to Top