Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународен спортски форум им раскажа на спортистите како во минатото тој се занимавал со бокс, се додека еден од противниците не му го скршил носот. Поради сериозноста на повредата, тој решил да се откаже од овој спорт.
„Првиот спорт со кој се занимавав беше боксот. Морав да прекинам откако ми го скршија носот. Не посетив лекар. Ми го наместија подоцна моите пријатели“, изјавил Путин.
Долго време било потребно да зарасне скршеницата на носот, откри Путин, кој додаде дека по тој момент, тој решил да се посвети на друг вид на спорт.
Претседателот беше во посета на Меѓународниот спортски форум „Русија – спортска држава“, а од присутните спортисти доби подарок боксерска ракавица. Подоцна беше поканет да учествува со нив на тренингот.