Легендарниот бенд „Бијело дугме“ ќе одржи бесплатен концерт на плоштадот Македонија во Скопје на 17 ноември. „Бијело дугме“ пред македонската публика ќе ги испеат своите најголеми хитови: „Ружица си била“, „А ти ме изневјери“, „Не рачунај на мене“, „Липе цвату“, „Југославијо“, „Ако има бога и други“…
За потсетување, бендот што Бреговиќ го формираше во 1974 година постоеше до 1989 година и тие снимија девет албуми. Прв пејач беше Жељко Бебек, а него го замени Тифа Војиќ. По него како пејач на „Дугме“ дојде Ален Исламовиќ.
Во 2005 година Бреговиќ и сите поранешни пејачи на групата повторно се собраа заедно и тие често одржуваат концерти во земјите на поранешна Југославија, но и секаде во светот. Во моментов тие се на турнеја во Канада.