Kаков маникир е во мода оваа есен

Дали есента ви е омилено годишно време?

Нам ни е, особено после топлите денови и испробувањето различни летни трендови, конечно можеме да испробаме нешто поинакво и многу поудобно, како што се големите џемпери, дуксери, фустани, комбинезони… Меѓутоа, кога е збор за трендовите на убавина, најмногу се истакнуваат оние кои се врзани за маникирот.

Затоа одлучивме за есенската сезона, која е навистина голема, да одработиме и спремиме нови трендови кои лесно се постигаат, а кои ќе ја истакнат природната убавина на вашите нокти.

Во продолжение дознајте за каков маникир станува збор…

Нежен металик акцент

Поиграјте си со боите и унапредите ги темните тонови со едноставни металик акценти во сребрена или златна боја. Доволна е една линија за да потполно го смените изгледот на маникирот.

Маникир инспириран од тиквата

Портокалово-златната боја никогаш не изгледала подобро на ноктите. Наместо класичниот френч, направете рамка на прстите со оваа боја и истакнатите се од морето на исти стилови.

Крем & колачи

Нежниот маникир во беж тонови можете да го акцентирате на црна или бела нијанса. Нека секој нокт на едната рака биде поинаков, а на другата обоите ги во истиот стил или само во една нијанса.

Нокти во облик на кармин

Необични, но и неодоливи, ваквите нокти ќе го привлечат вниманието каде и да се наоѓате.

Електрично мат

Доколку сакате да експериментирате, оваа есен бирајте вибрантни  нијанси со мат финиш кој ќе направи нашите нокти да станат доволен додаток на целокупниот изглед.

Scroll to Top