Откриено тајното име на кралицата Елизабета

Извор близок до кралица Елизабета за британски „Сан“ за прв пат по 67 години владеење, го откри во јавноста нејзиното тајно име. Неименуваниот извор вели дека телохранителите и британските служби кои се грижат за безбедноста на кралицата, ја нарекуваат Елизабета со буквата „С“.

Тој вели дека секој член од кралското семејство има тајно име.

„Поради полесна и побезбедна комуникација, секој член од кралското семејство има тајно име. На тој начин се штитат неговата приватност и идентитет. Кралицата е означена со буквата С, за Шерон“, открива изворот.

„Дејли Мејл“ пренесува историчарот Хуго Викерс верува дека буквата „С“ одговара на нејзиниот статус на суверена.

„Тајното име е да звучи анонимно и лесно да се памети“, веи Викерс за „Дејли Мејл“.

Scroll to Top