Дневен хороскоп за 17 октомври

Овен

Денеска ќе бидете унапреден и ќе добиете покачување на плата. Ќе запознаете многу нови колеги со кои во иднина ќе треба да соработувате. Внимавајте во понатамошното работење и обидете се да сè што ќе правите да биде според прописи и процедури. Од новите соработници кои ќе ги запознаете, можеби ќе се најде личност со која во блиска иднина ќе влезете во сериозна врска. Внимавајте на здравјето и избегнувајте ги цигарите.

Бик

Задоволни сте од односот на вашите колеги и претпоставени на работа. Позитивната атмосфера ќе доведе до поголема продуктивност, па не е за изненадување во наредниот период шефовите да ви ја зголемат платата. Врската со вашиот партнер е нарушена, поради мешање на трета личност. Кај двајцата се јавува чувство на љубомора. Со здравјето сè е во ред, но морате да внимавате на исхраната. Ова е идеален период за слабеење.

Близнаци

Шефовите ви висат над глава и не знаете како да ги решите проблемите кои ви се таложеле во изминатиот период. Ќе бидете принудени да побарате помош од колегите во кои имате доверба. Имате симпатии кон личност која ја познавате веќе подолго време, но не знаете како да ѝ пријдете. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Рак

Ќе ви се отворат многу шанси за нов почеток што се однесува до полето на работа. Во моментов не сте задоволни од позицијата на која се наоѓате. Се плашите да имате искрен разговор со вашиот партнер. Мислите дека има работи кои кога ќе му ги кажете силно ќе го повредите. Внимавајте на здравјето и можните проблеми со грбот.

Лав

Не знаете како да се справите со недостигот на време на работа. Постојатно сте под притисок поради големиот број закажани состаноци за кои едноставно немате време. Обидете се да бидете смирени и подобро да го организирате вашиот распоред. Наскоро би можеле да влезете во врска со личност со која неодамна сте се запознале. Внимавајте на здравјето. Би ви годела физичка активност.

Девица

Сакате да го импресионирате шефот и да покажете дека можете многу повеќе да сработите од вашите колеги. Во милите постојано ви се јавува идејата за поголема заработувачка. Денес е идеален ден за флертување. Искористете го и освојте ја личноста со која неодамна сте се запознале. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Вага

Во исчекување сте на промените кои вашите шефови сакаат да ги направат во компанијата. Обидете се да бидете смирен и да не негодувате на нивните решенија. Работите можат да завршат многу полошо за вас отколку што сте мислеле на почетокот. Ве очекуваат многу моменти во текот на денот за флерт. Очекувајте наскоро и врска. Доаѓаат големи промени во вашиот живот. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на хормоните.

Шкорпија

Конечно ќе ви се оствари желбата да заминете на деловно патување, на место за кое сте сонувале уште од детството. Можно е таму и да ја запознаете личноста на вашиот живот. Сега е идеално време за флертување и водење љубов. Искористете ја секоја можност која ќе ви се укаже. Внимавајте на здравјето и поведете сметка на внесувањето витамини.

Стрелец

Денес ве чека сериозен разговор со вашите шефови. Доаѓа момент кога ќе се решава вашата иднина во компанијата. Внимавајте на секој кажан збор и поведете сметка на вашиот однос. Доаѓаат бурни времиња за вас. Сега е шансата да му кажете на вашиот партнер колку ви значи и колку многу сакате да бидете со него. Оние кои се сами, ги чека почеток на нова љубов во нивниот живот. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Јарец

Наскоро ќе ви дојде нов прилив на пари. За оние кои се занимаваат со приватна работа сега е момент за носење големи одлуки. Ве чекаат позитивни промени на полето на работа. Преиспитајте го односот со вашиот партнер, ако сакате да ги поправите работите во вашата врска. Обидете се да ги најдете вашите грешки и да го промените вашиот однос. Внимавајте на здравјето и начинот на исхрана. Избегнувајте ги слатките.

Водолија

Ве загрижуваат големиот број незавршени обврски на работа. Вашиот шеф постојано ви врши притисок и се наоѓате во дилема дали ќе можете да ја издржите оваа тортура уште долго време. Го забележувате и променливото расположение кое се јавува кај вашиот партнер. Не ви се допаѓа неговото однесување и ви се јавува чувство дека можеби е време да ставите крај на врската. Со здравјето сè е во ред. Се чувствувате одлично.

Риби

Не сакате премногу да комуницирате со вашите колеги и претпоставени. Се плашите да не им откриете некои од вашите идеи за подобрување на работата во компанијата. Сакате да се истакнете пред другите и да го добиете долго посакуваното покачување на плата. Се чувствувате како вашиот партнер да ве има отфрлено од неговиот живот. Постојат многу тензии меѓу вас двајца и само прашање на време е кога ќе се разделите. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е одмор.

 

Scroll to Top