Тала Аламудин Ле Талек (47), сестра на популарната адвокатка и сопруга на актерот Џорџ Клуни, Амал, е упасена од полицијата и осудена на затвор од три недели. Итоа така треба да плати и парична казна од 6.400 долари за сообраќајни прекршоци, вклучувајќи и возење во пијана состојба пред неколку месеци.
Имено, Тала во почеток на годинава била запрена од сообраќаен полицаец заради рутинска контрола, по што е востановено дека е под влијание на алкохол. Алко-тестот покажал дека во тој миг во нејзиниот организам имала трипати повеќе алкохол од дозволеното, а на самото место биле регистрирани и други прекршоци, пренесуваат странските медиуми.
https://www.instagram.com/p/ByIuDgMn3s_/