Овен
Не сакате да го трпите шефот кој ве притиска за побрзо да ја завршите работата. Сакате да ја смените работата, но се плашите да дадете отказ. Немате премногу опции да најдете нова работа. Работите не се најсјајни ниту на љубовно поле. Повеќе не сакате да бидете со вашиот партнер. Внимавајте на здравјето и проблемите со храната.
Бик
Не можете да се сконцентрирате на работното место, затоа што шефот постојано ви виси над глава. Постојано правите грешки. Чувствувате дека повеќе не сте среќен во врската со вашиот партнер. Барате излез и начин како да му кажете дека повеќе не сакате да бидете со него. Внимавајте на здравјето и проблемите со нискиот притисок.
Близнаци
Барате начин како да се смирите со колегите. Честите кавги и расправии со нив само ја влошуваат ситуацијата на работа. Повеќе не сте среќен со вашиот партнер и размислувате за прекин на врската. Внимавајте на здравјето. Потребен ви е поголем одмор.
Рак
Очекувајте награда од вашите претпоставени. Тие се импресионирани од начинот на кој ја завршувате работата во последните неколку дена. И на љубоно поле работите се сјајни. Веќе некое време размислувате со вашиот партнер да ја зацврстите врската или можеби да стапите во брак. Внимавајте на здравјето и чувствителноста на зглобовите.
Лав
Напнати сте затоа што шефот постојано ви прави притисок на работа. Поради стресот не можете да се сконцентрирате и често правите грешки. Партнерот ќе се обиде да ве смири и да ве расположи. Заедно ќе барате решение како да ја зацврстите вашата врска. Внимавајте на здрајето. Можна е појава на грчеви и вкочанетост.
Девица
Колегите постојано ви прават пречки и затоа ги чувствувате како непријатели. Се обидувате да се дистанцирате од нив, затоа што не ви дозволуваат да ја завршите работата како што треба. Вашиот партнер ќе ве изненади по дома. Засега тој прави да сте среќни и задоволни во врската. Внимавајте на здравјето и нивото на холестерол во крвта.
Вага
Среќни сте затоа што имате за шеф човек, кој секогаш е подготвен да ви помогне кога ќе се најдете во безизлесна ситуација. Задоволни сте и од колегите кои исто така се секогаш тука за вас. На љубовно поле работите се сјајни. Наскоро ќе запознаете личност со која во иднина ќе влезете во сериозна врска. Со здравјето сè е во ред.
Шкорпија
Работата е таа која ве прави среќни. Заработувате одлично и задоволни сте од вашата финансиска состојба. Партнерот само дополнително прави да се чувствувате задоволни од вашата врска. Убаво ви е кога сте заедно. Внимавајте на здравјето и избегнувајте премногу конзумација на шеќер.
Стрелец
Пред вас е период со многу предизвици. Големиот број незавршени работи од минатото ви предизвикуваат силни главоболки. Нема да ви биде лесно во наредниот период на полето на работа. Заљубени сте и сакате односот со вашиот партнер да успее и во иднина. Подготвени сте да направите сè за врската да опстане. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на силни главоболки.
Јарец
На работа атмосферата е релативно мирна. Повеќе ги немате кавгите и расправиите со вашите колеги и претпоставени. Односите полека се нормализираат, а вие можете да се вратите во извршувањето на вашите секојдневни активности. Чувствувате дека партнерот повеќе не ве прави среќн и размислувате да се разделите. Внимавајте на здравјето и слабата циркулација на крвта.
Водолија
Приватните проблеми кои ви висат на глава само ја влошуваат ситуацијата на работа. Таквиот притисок прави постојано да се расправате со вашите претпоставени и колеги. Обидете се да останете смирен за да не ја влошите работата. Чувствувате дека во љубовниот живот ви недостига возбудување. Влезени сте во фаза на монотонија. Внимавајте на здравјето и зголемениот притисок.
Риби
Ви недостига смиреност и разбирање во односите со вашите колеги и претпоставени. Постојано влегувате во непотребни расправии кои на крајот можат да влијаат на вашата работа. Вашиот партнер е подготвен за романтика и ќе направи сè за да се чувствувате пријатно и опуштено. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на грчеви и вкочанетост.