Гувернерот на Аљаска наседна на измамата на руските пранкери Вован и Лексус

Руските пранкери Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров кои се познати во светот по телефонските јавувања и измамите на светски политичари, успеале да го убедат гувернерот на Аљаска, Мајк Данлив, дека Русија има намера да ја анектира Аљаска. Популарните Вован и Лексус му се претставиле на Данливиј, како поранешниот премиер на Улраина Владимир Гројсман и понрашниот украински амбасадор во САД, Валериј Чалиј.

Тие му објасниле дека Русите имаат план да се одржи лажен референдум за независноста на Аљаска, пред да се покрене каква било процедура за нејзино вклучување во состав на Русија.

„Дури можам да ви наведам и некои имиња кои планираат акција за правење референдум. Ксенија Собчак е роднина на Путин и е телевизиска водителка. Таа доаѓа во Аљаска со мисија неофицијално да разговара со претставници на разни политички и цивилни сили. Таа е подготвена на Аљаска да направи провокации“, му кажал на телефон еден од пранкерите кои се претставиле како премиер на Украина.

Мајк им ветил дека ќе ги пренесе сите информации на службите во Вашингтон. Тие го убедиле дека Москва и Вашингтон прават кампања во која се вклучени и раперот Кертис Џејмс Џексон Трети, попознат како „50 Сент“. Тој наводно направил песна во која се бара Аљаска да и се предаде на Русија. Во песната „50 Сент“ пее дека двете земји ги обединува сауната, вотката, хармониката и лососот.

„Тоа се случува токму сега во Вашингтон. Под прозорот на нашата амбасада се одржува концерт со руски изведувачи, а „50 Сент“ пее песна во која бара Аљаска да и се врати на Русија и се заканува со некакви последици, ако не се случи тоа. Ќе го отворам прозорот за да можете да слушнете“, му јавил соговорникот на гувернерот, по што му пуштил снимка на руски јазик, на која се слуша песната „Не се глупирај Америко“, од групата „Љуба“.

Пранкерите го убедиле гувернерот дека во моментов многу Американци се собрани пред концертот и со задоволство ја слушаат музиката.


Вован и Лексус го убедиле гувернерот да го стави и рускиот пејач Николај Растрогујев на список на САД за лица кои се под санкции. Тие му објасниле дека Николај требало да биде приведен и сослушан. Му пренеле дека рускиот пејач се занимава со субверзивни активности и им дели пари на луѓето.

Scroll to Top