(Фото) Ранко стана татко, цела „Бубамара“ на прослава за третото дете

Првиот човек на „Златна бубамара“, Ранко Петровиќ, по третпат стана татко. Неговата сопруга Маја се породи во вторникот. Третото бебе на Ранко е девојче, а тие со Маја веќе ги имаат ќерката Ангела и синот Марко. За радосната вест дека сега е татко на три деца и за прославата со екипата на „Бубамара“  беа споделни фотографии на социјалните мрежи.

„Пред државниот празник си ги наполнив душата и срцето, прославивме за раѓањето на мојата трета кумица (после Ангела и Марко). Нека e жива и здрава, голема да расте, да живее во едно поубаво време и иднина, оти иднината ни е во децата. Честитки до мојот кум Ранко и кумата Маја од мене, моето семејство и од нашата екипа на вашата и наша Златна Бубамара“, напиша кумот на Ранко.

Scroll to Top