Намалената Сончевата активност во иднина ќе предизвика мала ледена доба, предупредуваат научниците. Професорката по математика на Универзитетот Нортамбриј, смета дека Сонцето во периодот од 2020 година до 2055 година ќе биде во фаза на минимална активност и тоа ќе предизвика до заладување на атмосферата.
Истражувачот на НАСА, Мартин Млинкзака, во едно од своите интервјуа претходно објаснил дека во периодот на четириесетите години од минатиот век, Сончевата активност била до толку намалена што температурата на Земјината термосфера (еден од највисоките слоеви на атмосферата) достигнала рекордно ниско ниво.
„Температурата во овој дел на атмосферата ја достигнала најниската вредност од кога се направени овие мерења“, вели Мартин.
Има научници кои не се согласуваат со ваквите тврдења и ги критикуваат истите, сметајќи дека нивните пресметки се правени на база на податоци, собрани само во последните 35 години.
Тие велат дека е невозможно прецизно да се реконструира соларната атквност во минатото и дека не е реално да се очекуваат прецизни податоци за идните активности. Моделот на индиските научници Прантик Бовмик и Дибејнд Нанди, е објавен во научното списание „Нејчр“ и преку него може да се реконструира Сончевата активност до 1930 година. Според овој модел се предвидува дека Сончевата активност ќе биде релативно стабилна во наредните 11 години, односно ќе биде слична на денешната, а многу поголема од периодот кога се случила ледената доба.
Научниците велат дека овој период е познат како „Маундеров минимум“ и траел во периодот од 1645 до 1715 година.
Што би се случило кога Сончевата активност би го достгинала минимумот?
Сонцето е само еден сегмент од сите влијанија кои допринесуваат за малата ледена доба, велат научниците. Поголем ефект тие им придаваат на вулканските активности. Научниците не очекуваат толкав драстичен пад на температурите во наредниот период, особено ако се земат во предвид климатските промени кои моментално се случуваат и кои ја загреваат планетата, пишува порталот „Клима 101“.
Веродостојни модели не предвидуваат голем соларен минимум, а истражувачите велат дека дури и кога би дошло до тоа, средната глобална температура привремено би се намалила за 0,3 степени Целзиусови, додека моменталното човечко влијание на климата во просек доведува до пораст од 0 степени Целзиусови, на секои десет години.
Новата студија на истражувачот Нејтан Штајгер од Колумбискиот универзитет, која е објавена во списанието „Нејчр“, укажува на тоа дека малата ледена доба секако нема да биде од глобален карактер и дека до падот на температурите ќе се случи главно во пределите на западна Европа и делови од Северна Америка.