„Тоа е животен век на еден просечен Американец“, вели Хендерсон.
Џон и Шарлот живеат во Остин, а се запознале во 1934 година. Пет години подоцна се венчале. Шарлот студирала да стане учителка, а Џон бил дел од фудбалскиот тим. Тој е најстариот жив поранешен фудбалер од Универзитетот во Тексас. За „Си-Ен-Ен“, велат дека во минатото имале и среќни, но и тешки моменти. Но, секогаш останале заедно.
За медениот месец имале само седум долари и ги потрошиле на хотелска соба. Оваа двојка е жив доказ дека љубовта може да победи сè. Пред десет години се преселиле во селото Лонхорн, во локалната заедница на пензионери, која е поврзана со Универзитетот на кој студирале. Велат дека никогаш не дозволиле, никој да им застане на патот на среќата. Џон секојдневно вежба, а на прашањето на новинарите на „Си-Ен-Ен“, која е тајната за долгиот и среќен брак, тој одговорил дека потребно е човек да живее умерено и постојано да биде љубезен кон партнерот.