Саша Барон Коен: Ако „Фејбук“ постоеше порано, ќе му дозволеше на Хитлер да се рекламира

Славниот американски комичар Саша Барон Коен во својот неодамнешен говор силно ги осуди социјалните мрежи како што се „Фејсбук“, „Твитер“, „Јутјуб“, но и „Гугл“, нарекувајќи ги најголемата пропагадна машинерија во историјата.

„Ако им платите, Фејсбук“ ќе поддржи било каква политичка кампања, па дури и „фејк њуз“. Ако постоеше Фејсбук во 1930 година и Хитлер ќе можеше да се рекламира на оваа социјална мрежа“, изјави Коен кој објасни како преку алгоритмите, овие гиганти огласите ги шират на целата публика и шират страв и невистина.

Коен во својот говор изјавил дека сите медиумски платформи, дозволуваат содржини со говор на омраза, само за да предизвикаат реакција и да добијат повеќе кликови.

Актерот се прослави со своите сатирични, фиктивни ликови Али Џи, Борат, Бруно, а во својата телевизиска серија Who is America?, успешно го исмеа американскиот патриотизам.

Scroll to Top