Германската канцеларка Ангела Меркел доживеа незгода за време на една конференција во Берлин. Таа додека се качуваше по саклите на подиумот, се соппна, а потоа се пошегува на своја сметка.
„Не ги видов скалите, ќе се качувам по нив следниот пат“, рече Меркел.
Канцеларката на неколку јавни настапи досега, имаше здравствени проблеми и не беше во состојба да стои за врме на интонацијата на националните химни. Таа ва лето трипати беше видена како се тресе кога се интонираа химните при посетите или пречекувањето на странски лидери.