Глумицата Кортни Кокс откако ги отстрани брчките на лицето, изгледа помладо и од ќерка ѝ Коко, пишуваат светските медиумите. Двете заедно го минаа „Денот на благодарноста“, а сите ги видоа промените на лицето на Кортни и ја пофалија дека изгледа многу помладо.
„Близначки“, „Двете сте прекрасни“, „Најубава комбинација“, биле само некои од коментарите на обожавателите.
Коментарала и Џенифер Анистон, пријателката и колешка на Кортни Кокс од серијата „Пријатели“.
„Коко. ти премногу растеш или јас пак стареам? Те сакам многу“, напишала Анистон.
Кокс и претходно признала дека направила неколку интеревенции за да изгледа помладо, но вели дека почнува да сваќа дека не личи на себе и дека нема намера повеќе да го менува својот изглед.