Светски астрономи открија црна дупка во Млечниот пат. Дупката била толку голема, што го довела во прашање постоечкиот модел на развој на ѕвездите, велат астрономите. LB-1 е 15.000 светлосни години оддалечена од Земјата и има маса 70 пати поголема од Сонцето, е наведено во научниот магазин Nature.
Се проценува дека Млечниот пат содржи 100 милиони ѕвездени црни дупки, но LB-1 е двојно поголема од онаа што научниците мислеле дека е можно, изјавил Лију Џифенг, професорот од кинеската национална астрономска опсерваторија, кој го водел истражувањето.
„Црната дупка со толкава маса не би требало ниту да постои во нашата галаксија, според повеќето сегашни модели на еволуција на ѕвездите“, изјавил Џифенг.