(Фото) Памела Андерсон позира гола покрај камин

На службениот профил на магазинот „Плејбој“ на „Инстаграм“, е објавена фотографија од глумицата Памела Андерсон која позира гола покрај камин. Фотографијата за кратко време собра повеќе од 80.000 лајкови. Фотографијата од Памела е од 2016 година, а големо внимание предизвика и нејзината фотографија од 2001 година.

Памела на едната фотографија позира гола, а на себе има само штикли и свилен капут преку десното рамо. На другата позира со розев пиштол. Во октомври таа ги почасти обожавателите со уште една нејзина стара фотографија, од насловните страни на познатите магазини. Памела често позира полугола или гола.

Иако досега има 15 пати позирано за насловните страни на „Плејбој“, вели дека не е голем фан на порнографијата. Тврди дека таа е наменета само за губитниците.

„Мораме да работиме на себе си и да се едуцираме самите и нашите деца, за да разберат дека порнографијата е само за губитниците. Таа е досадна, залудна и безизлезна за луѓето кои се премногу мрзеливи за да остварат награда за здрава сексуалност“, изјавила Памела, а пренесува британски „Телеграф“.

Памела досега има снимено филм за возрасни. Електричар од нејзиниот дом ја украл ВХС касеатата, во која биле снимени жешки сцени со неа и нејзиниот поранешен партнер Томи Ли.

Ѕвездата од серијата „Бејвоч“, ја тужеше компанијата, но подоцна се спогоди вонсудски за надокнада од десет милиони долари. Од нејзината снимка има заработено 77 милиони долари, а истата до ден денес се продава одлично.

 

Scroll to Top