Северниот магентен пол полека се движи од канадскиот Арктик кон Русија. Ова поместување, научниците веруваат дека почнало уште од 1831 година, а денеска го достигнало максимумот. Во претходниот период овој магнетен поле во просек се поместувал за 54 километри секоја година.
За разлика од географските полови, земјениот магнетен пол кој служи за ориентација, константно се поместува, пишува Си-ен-ен. Ваквото откритие ги натерало научниците да ја обноват алатката World Magnetic Model, која се користи при навигационите системи, една година пред рокот на менување.
Во новиот модел е наведено дека магнетниот пол ќе го продолжи својот пат кон Русија, но брзината полека ќе се зголемува. Откако е откриен полот во 1831 година, тој се поместил за 2253 километри.
Магнетното поле го менува својот поларитет на секои стотина илјади години. Последниот пресврт се случил пред 770.000 години. Новата студија покажува дека тој последен пресврт траел 22.000 години, многу подолго отколку што се предвидело или очекувало, навеле истражувачите.
Магнетното поле на нашата планета настанало со интеракција меѓу течното железо на надворешното јадро кое се врти околу цврстото внатрешно јадро.