Милионите кои целиот живот Берни Еклстон ги чувал за ќерките, тие ги потрошиле на торби и чевли

Петра и Тамара Еклстон, ќерките на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, потрошиле 3,5 милиони евра на 200 пара торби и чевли, пари кои нивниот татко ги уплатувал во фондови за образование и ги чувал за еден ден двете да започнат свој бизнис.

Двете велат ја обожаваат модата и сакаат многу да трошат на познати брендови. Во своите плакари велат дека имаат по 20 до 30 торби од брендот Hermes Birkin, кои чинат помеѓу 10.000 и 15.000 евра.

Двете не се штеделе ниту кога станува збор за нивните венчавки. Тамара во 2013 година, за нејзината свадба искеширала околу десет милиони евра, поради што постојано беше на мета на британските таблоиди, нарекувајќи ја „кралица на вулгарноста“. Таа почнала и со свое сопствено ријалити шоу, моден бизнис, а е сопственик и на брендот Fifi and Friends. Нејзина амбасадорка и е ќерка ѝ Софија, во која исто така вложува голема сума на пари.

За нејзиниот роденен Тамара потрошила 80.000 евра. Тамара со сопругот и ќерка ѝ живеат во западен Лондон, во раскошна резиденција која вреди повеќе од 80 милиони евра. Нивниот дом има 57 спални соби, а има ангажирано голем број и на собарки, батлери и готвачи, па дури и шетачи на нивните кучиња.

Во домот има посебно место за играње на нејзината ќерка, базен, куглана, бања со санитарии од злато и многу други скапи работи. Нејзиниот дом има обезбедување од 24 часа. Пред една недела тројца арамии успеале да влезат во нејзиниот дом и да украдат накит во вредност од 60 милиони евра.

Петра исто како и нејзината сестра потрошила огромни суми на пари за нејзината венчавка, која во целост ја платил Берни. Тој потрошил 14 милиони евра за венчавката на неговата ќерка, која останала во брак само седум години. Петра ова лето ја продаде нејзината вила во Лос Анџелес за цена од 115 милиони евра. Станува збор за вила со 123 спални соби, ноќен клуб и предимензионирани аквариуми со риби. Куќата се наоѓа на имот од 5300 квадратни метри. По продажбата Петра купи нова вила во Брентвуд за цена од 19 милиони евра.

 

 

Scroll to Top