Првиот македонски семеен долгометражен филм за деца „Стела“ на режисерот Стојан Вуичиќ ќе почне да се прикажува напролет годинава.
На филмот се работеше две години, а од продукциската куќа „Дрим фектори“ заедно со режисерот Стојан Вуичиќ се задоволни од досега снименото.
Се снимаше на неколку локации во Македонија. Се снимаше во Скопје, потоа во живописниот Галичник, а се заврши во Штутгарт, Германија.
Првпат во македонската кинематографија еден од најбогатите германски локални филмски фондови дава поддршка на македонски филм. Филмот „Стела“ во режија на Стојан Вуичиќ ја доби една од највисоките оценки, беше препознаен како проект што има голем потенцијал.