Минатата година беше година во која некои од обичните луѓе станаа поважни од најмоќните политичари, а особено од оние кои седат во Белата куќа и Кремљ. Поради катастрофалните климатските вести, зборовите на едно девојче од Шведска станаа поважни од говорот на најмоќните луѓе.
Шеснаесетгодишната Грета Тунберг успеа да ги засени моќниците и да ги натера тие да се занимаваат со неа, а не таа со нив. Грета демонстрираше дека луѓето кои би требало да бидат најодговорни на планетата и да бидат заштитници на најслабите се однесуваат како најлошите силеџии од школскиот двор, без никакви аргументи.
Сето тоа што го правеше Грета беше со цел да се подобрат условите на загаденоста на планетата. Грета успеа оваа тема да ја смести на врвот на светската политика. Тоа и не чуди ако се имаат предвид годинашните вести, катастрофалните пожари во Амазонија, но и во другите делови низ светот, топењето на Арктикот и Антарктикот, рекордните високи температури и неочекуваните бури.
Грета Тунберг, девојчето кое ги иритира најмоќните
Швеѓанката Грета Тунберг нема ниту една официјална функција. Се разбира, тоа и не чуди затоа што ова девојче на 3 јануари ќе наполни 17 години. И покрај нејзината младост, таа стана најважната личност на планетата и тоа затоа што отворено се побуни против загадувањето и големите сили.
„Не би требало да сум тука“, порача таа на говорницата на Обединетите нации меѓу светските лидери. „Треба да сум во училиште. Но, вие ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови. Луѓето страдаат, луѓето умираат, цели екосистеми исчезнуваат. На почетокот сме на масовно изумирање, а вие само зборувате за пари и ги повторувате бајките за вечниот економски раст“.
Доналд Трамп, самоубиство со транскрипта
Откако Доналд Трамп во 2016 година победи на изборите во САД, почнаа да се шират приказните за неговата оставка, популарниот импичмент. Имаше сенатори кои тоа го бараа од него на неколку месеци, тврдејќи дека шефот на Белата куќа работи со Владимир Путин, дека е диктатор, дека не е способен за извршување на најважната функција на планетата. Се разбира, секој ваков обид беше залуден.
Но, за време на летото се појави свиркач со тврдење дека Трамп го уцени украинскиот лидер Владими Зеленски, да најде незаконски работи за синот на Џо Бајден, неговиот противкандидат на изборите, ако сака да добие помош. Претседателот на САД ваквите тврдења ги отфрли со вообичаениот метод, прогласувајќи ги за лажни вести.
По притисокот, како доказ дека не направил ништо лошо, тој порачал дека ќе го објави транскриптот. И го објави. Всушност, не транскриптот, туку само некои белешки. Но, со тоа Трамп направи политичко самоубиство. Белешките беа доказ дека свиркачот бил во право и дека Трамп барал услуга за услуга и ја злоупотребил положбата.
Се разбира Трамп не рекол „Направи го тоа или нема пари“, но тој разговор личел на оној од филмот „Кум“ во кој дон Вито Корлеоне дава понуда која не се одбива, наместо на разговор меѓу двајца државници.
И тоа довело до покренување процес на отповикување од функцијата претседател во Конгресот, кој нема да биде завршен со смена, затоа што републиканците на Трамп имаат мнозинство во Сенатот, но сигурно ќе му ги замрсат сметките во изборната година.
Џасинда Ардерн стана симболот на надеж по најмрачниот ден во Нов Зеланд
Полудениот десничар од Австралија Брентон Тарнат на 15 март ја вклучи камерата, пушти песна посветена на Радован Караџиќ, а потоа пукаше во муслимани во две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд. Во оваа крвава приказна Брентон, кој се повикуваше на нацистите, Доналд Трамп, но и на Милош Обилиќ и Марко Милјанов, уби 51 лице. Тој ден Џасинда, најмладата премиерка на светот, го нарече намрачниот ден во историјата на Нов Зеланд.
Во оваа изолирана и мирна земја се случи масовно пукање и терористички напад. Од почит кон жртвите, на муслиманското малцинство во Нов Зеланд, таа на главата стави марама и им ја даде целата солидарност и поддршка кои можеше да ги даде. Таа стана симбол на надеж и промени.
Со тоа Џасинда го воодушеви светот. Нејзиното сочувство воодушеви многумина и по вториот мрачен ден годинава во оваа земја, кога на 9 декември вулканската ерупција на Белиот Остров уби 19 луѓе.
Борис Џонсон триумфираше и покрај неисполнетите ветувања
За британскиот премиер Борис Џонсон 2019 година беше година на триумф. Година од неговите сништа. Некогашниот градоначалник на Лондон и сменет министер за надворешни работи во јануари повторно беше само обичен пратеник на Конзервативната партија.
Но, додека собраниските клупи држеше говор за брегзит, успеа да покрене кампања за челното место во партијата. Му се исплати. Тој на партиските избори на 22 јули стана шеф на партијата, а само два дена подоцна и нов премиер. Кога ја презеде власта, вети само едно, дека негоата земја ќе излезе од Европската Унија на 31 октомври. Ветувањето не го исполни. Не затоа што не сакаше, туку поради пречките кои во парламентот му ги поставија опозициските лабуристи. На крајот мораше да го моли Брисел за продолжување на рокот. Но, тоа го направи во свој стил. Во писмото со молба испрати и објаснување дека бил принуден поради законот и дека смета дека рокот не треба да биде продолжен. И токму поради тоа што не успеа да ги мине сите пречки, му донесе доволно популарност и покрај неисполнетите ветувања, тој да триумфира на изборите на 12 декември и во јануари да го заврши брегзит.
Оставката на Ево Моралес по 13 години
Кога Ево Моралес во 2006 година стана претседател на Боливија, сите го дочекаа како херој. Тој беше првиот припадник на индијанскиот народ на највисокоата функција. Се повикуваше на Ернест Че Гевара и порача дека неговата победа е демократска револуција, дека ќе биде заедно со работниците и селаните.
Но, по 13 години во претседателската фотелја, кога реши да продолжи да владее, тој не сфати дека времињата се променети. Моралес распиша избори и според првите резултати, тој за првпат мораше да оди и во вториот круг. Но, во финишот на броењето, тој прогласи победа во првиот круг. Потоа, сите се посомневаа во резултатите, стигнаа извештаи за неправилности, па настанаа протести кои беа се помасовни и понасилни. На крајот, против Моралес застана и војската и полицијата. Му беше порачано да си даде оставка. Зборуваше дека тоа е државен удар, дека станува збор за расизам, но на крајот поднесе оставка и побегна во Мексико. Од таму се јави за католички Божиќ и порача дека до следниот Божиќ ќе се врати.