Хоакин Феникс за починатиот брат: Тој ми е инспирација за секој филм

Глумецот Хоакин Феникс, кој е фаворит за освојување на наградата Оскар за улогата во филмот „Џокер“, во интервју за CBS говореше за неговиот покоен брат, глумецот Ривер.

Ривер почина пред 27 години од предозираност. Феникс вели дека тој бил талентиран и дека е негова инспирација за секој негов снимен филм.

„Секој филм кој го имам снимено на некој начин е поврзан со Ривер. Тој е мојата инспирација. Ја чувствувам неговата присутност, како да е тука до мене и да ме води“, изјавил Феникс.

Глумецот откри дека неговиот брат му прогнозирал голема кариера и дека неговата прерана смрт на 23 години го уништила неговото семејство. Медиумите само дополнително ја влошиле ситуацијата.

Хоакин откри дека имал тешко детство и дека живеел во дисфункционално семејство. Пораснал во секс култ, а во најтешкиот период од животот просел на улица. Брат му Ривер починал пред него, а Хоакин научил како сите негативни работи што му се случиле во животот да ги канализира низ своите комплекси филмски улоги.

Scroll to Top