Пејачот и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк е на скијање во ски-центарот Боровец, Бугарија. Фотографиран е кај хотелот „Рила“, каде се одмораше и седна на кафе по неколку спуштања на патеките. Брејк и неговата сопруга, поранешната Мис на Македонија Драгана Клопчевска, лани во април станаа родители. По два сина, Марко, кој има 19, и Давид, кој има пет, Брејк ја доби ќерката Деа.