Гаши за 23 Октомври: Единството и почитувањето на различностите се основа за сигурна заедничка иднина

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, со порака за единство, меѓусебна почит и заедничка одговорност за иднината на државата.

Гаши истакна дека празникот потсетува на истрајноста и храброста на генерациите што се бореле за слобода, достоинство и сопствена државност. Нивната пожртвуваност, нагласи тој, е дел од историската основа врз која се гради заедничката иднина.

„Одбележувањето на 23 Октомври е можност со почит да се потсетиме на минатото, но и да ја потврдиме нашата заедничка одговорност да градиме демократско, стабилно и просперитетно општество, засновано на меѓусебно почитување, единство и европски вредности“, порача Гаши.

Во честитката, претседателот на Собранието ја нагласи важноста на обединувањето околу заедничките интереси и почитувањето на различностите како темел за општество во кое сите граѓани ќе имаат чувство на припадност и сигурност.

„Само обединети околу заедничките интереси и со почит кон различностите можеме да создадеме држава во која секој граѓанин ќе се чувствува еднакво, сигурно и почитувано“, се наведува во честитката што ја пренесува „Макфакс“.

Scroll to Top