Водителката Венди Вилијамс една од популарните радиско и телевизиски ѕвезди во Америка, го исмеваше глумецот Хоакин Феникс во емисијата за неговата вродена маана.
Day 3
We are still waiting for a @WendyWilliams apology to the cleft community.Outside of that, seeing everyone come together on social media to rally around her comments and actions has been truly amazing.
It’s clear we are making progress towards being able to #endbullying pic.twitter.com/lIXUa5i1vs
— Adam Bighill (@Bighill44) January 12, 2020
„Прозирните очи го прават привлечен, но истовремено изгледа и прилично чудно со таа лузна на горната усна. Како се вика тоа? Дали е зајча усна, расцеп на устата или непца?“, го прашала Вилијамс, Феникс, а потоа правела гримаси и на сите им ја покажувала нејзината уста.
Водителката со своето однесување наишла на гнев кај публиката. Прв реагирал Адам Бигхли, играчот на американски фудбалски тим, кој има иста таква вродена маана, а поради деформацијата на устата морал да биде опериран и неговиот син.
„Нејзините постапки се грозни, неприфатливи и навредливи. Јавно повикуваат на малтретирање“, напишал спортистот на „Твитер. Адам поддршка добил и од пејачката Шер.
Вилијамс на крај се извинила поради злобните коментари на сметка на Феникс. Ветила дека ќе донира пари за операција за да им помогне на семејствата кои се борат со оваа состојба.