Решена мистерија по 23 години, градинар ја нашол сликата на Густав Климт

Експертите за уметност потврдиле дека сликата која минатиот месец била откриена во ѕидот на галеријата на модерната уметност во Пјаченица, во Италија, „Портретот на една дама“, е на австрискиот сликар Густав Климт, која беше украдена пред 23 години.

Автентикацијата на сликата реши една од долготрајните мистерии во светот на уметноста. Никој досега не знаеше каде делото исчезна. Многу години прашањата не беа одговорени, вклучително и за тоа кој ја земал и дали портретот воопшто ја напуштил галеријата, пишува Асошејтед прес.

Градинарот Ричи Оди, кој го тргнал бршленот, забележал мала врата на ѕидот. Го отворил а внатре во просторот пронашол пластична кеса со слика, за која се чинело дека е исчезнатото ремек-дело.

Портретот со младата жена која сензуално гледа преку рамото на зелената позадина, е прикажано на конференција за новинари, а го чувале двајца полицајци. Исчезнувањеот на сликата на познатиот австриски мајстор Климт, кој ја насликал во 1916/1917 година, се сметаше за една од најголемите светски мистерии.

 

Scroll to Top