Анџелина Џоли е бесна на нејзиниот поранешен партнер Бред Пит, открива нејзин близок пријател. Таа смета дека поранешниот партнер не ја почитува и му се налутила поради неговата изјава која ја Пит ја дал на SAG наградите.
„Таа чувствува дека Пит не ја почитува и дека нивната врска е предмет на потсмев кај другите“, открива изворот.
„Морав да глумам тип кој се дрогира, се шета без маица и не се согласува со својата жена. Тоа е сосема спротивно од мене“, изјавил Пит, кога ја примил наградата.
Ова многу ја налутило Џоли, која почувствувала дека нејзиниот поранешен партнер се исмева на нејзина сметка, открива изворот за „Холивуд репортер“.
Според истиот извор, Џоли нема проблем со тоа Бред Пит да ѝ се врати на поранешната партнерка Џенифер Анистон. Бред и Анистон беа видени на церемонијата на SAG наградите и изгледаа како да не сакаат да се одвојат еден од друг.