Омилениот автомобил на гангстерот Ал Капоне оди на продажба. Станува збор за „кадилак таун седан“ од 1928 година. Автомобилот е блиндиран, стаклата се со дебелина од 2.54 см, задното стакло се отвора, а вратите се обложени со челични плочки. Со колата се поминати само 1.788 километри.
Ал Капоне нарачал автмобилот да биде бојадисан во боја која тогаш ја користела полицијата, а тоа некогаш им ја отежнувало работата, па тие не знаеле дали во колата е озлогласениот гангстер или полициски агент.
Автомобилот „кеди“ е модифициран со V8 мотор, па лимузината може да развие максимална брзина од 177 км/час, што за 1928 година било импресивно. Истовремено, ова е еден од првите блиндирани коли што некогаш биле направени.