Се продаваат фотографии од Шумахер за милион евра

Непознати лица успеале да го снимат седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер по несреќата која му се случи за време на скијање на Алпите.

На фотографиите го има Германецот кој лежи во кревет во неговиот дом во Женева. Украдените фотографии сега се продаваат и истите достигнвуаат цена и до милион евра, пренесува „Мирор“.

Случајот го пријавила сопругата на Шумахер, Корина, која од полицијата побарла заштита на приватноста. Шумахер во декември 2013 година, доживеа тешка несреќа за време на зимскиот одмор. Додека скијаше, тој се здоби со сериозни повреди на главата. Од тогаш неговата состојба се подобрува, а семејството се обидува да го сокрие Германецот далеку од очите на јавноста.

 

Scroll to Top