Компанијата „Дизни“ најави дека ќе прави филмска верзија на „Бамби“, по теркот на „Кралот лав“ и „Книга на унглата“. Еден од омилените цртани од „Дизни“, приказната за срната Бамби, беше направен во 1942 година. Сега, од филмското студио велат дека сакаат да ја оживеат познатата приказна.
Од „Дизни“ најавија дека годинава ќе промовираат уште неколку филмски верзии на познатите анимирани филмови, вклучувајќи ги и „Мулан“, „Круела“, „Малата сирена“ и „Снежана и седумте џуџиња“.
„Мулан“ е веќе најавен и во Македонија, а ќе се прикажува од март во „Синеплекс“.