По кратко боледување почина долгогодишниот британски комичар и водител на култната радио емисија Just a minute, Николас Парсон. Парсон почина на 96 годишна возраст пренесуваат британските медиуми.
Тој беше обожаван во Велика Британија. Емисијата почна да ја води во далечната 1967 година, а нејзиниот формат до последен ден остана речиси ист.
По 50 години, Парсон во 2018 година за првпат беше приморан да се повлече од улогата на водител. Загрижените фанови ги смирија одговорните од „Би-Би-Си“, кои преку соопштение објаснија дека Парсонс одлучил да земе краток одмор. Тогаш го заменил Гајлс Брендрет.
Во неговата емисија гостувале голем број познати личности, а една од најслушаните емисии била со принцот Чарлс, кој е голем обожавател на Парсон.