Мел Гибсон и Дени Гловер ќе снимаат ново продолжение на „Смртоносно оружје“

По 22 години пауза, легендарните актери Мел Гибсон и Дени Гловер ќе го снимаат новото петто продолжение од филмот „Смртоносно оруже“. Првите шпекулации за новото продолжение на култната франшиза се случија уште во 2018 година, а сега истите ги потврди продуцентот Ден Лин.

„Се обидуваме да го снимиме петтото и последно продолжение на ‘Смртоносно оружје’. Дик Донер повторно ќе го режира филмот, а се враќа и оригиналната актерска екипа“, открива Лин.

Франшизата се состои од низа акциони филмови со Мел Гибсон и Дени Гловер во улогите на двајца полицајци од Лос Анџелес. Нивниот последен четврт филм „Смртоносно оружје“ имаше премиера во 1998 година.

Scroll to Top