Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, на церемонијата на доделувањето на наградите БАФТА, дојде во фустан стар 8 години. Овој фустан специјално за неа го дизајнирал починатиот дизајнер Александар Меквин во 2012 година. Таа го испочитувала дрес-кодот на вечерта – еколошка одржливост.
Белиот фустан со златен вез, во форма на хибискус, војвотката го комбинираше со чевли од Џими Чу и чанта во златна боја.
Кејт го носела фустанот првпат на национална вечера во Малезија во 2012 година, водена од тоа дека хибискусот е национален цвет на оваа азиска земја.