Холивудската глумица Мила Јововиќ по третпат стана мајка. Таа со сопругот и режисер Пол В.С. Андерсон, добија уште една ќерка, а среќната глумица на „Инстаграм“ објавија заедничка семејна фотографија. Мила и Пол веќе имаат две ќерки Евер и Дашел.
Пред породувањето Јововиќ на социјалните мрежи споделила со фановите дека е нервозна.
„Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да ви признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе биде со нашата ќеркичка. Посакајте ми среќа“, напишала актерката.