„Суперхикс“ снимија нов музички спот за песната „Ана“. Во спотот тие се восочни фигури, комплетно прекриени со пајажини, заборавени од сите и оставени на забот на времето. Но, момците оживуваат благодарејќи на една Ана која што ја глуми Сара Анастасовска. Ана вози велосипед и продава букети цвеќиња на минувачите пред излогот каде што се поставени восочните фигури. Режијата е на Благоја Неделковски. Велат, секој треба да има по една „Ана“ која што ќе го оживее и ќе му даде желба за творење.