Откако актерката Шенон Доерти објави дека ѝ се вратил ракот на дојката, таа доби порака со поддршка од Селма Блер, глумицата што се бори со мултиплекс склероза. Шенон на „Инстаграм“ објави слика од Чарли Браун и Снупи со цитат: „Живееме само еднаш Снупи“ – „Не е точно. Умираме само еднаш. Живееме секој ден“, стои на сликата. На ова, таа доби порака од Блер: „Го осветлуваш патот. Знај дека си саканa“, напиша Селма во коментарите.
Двете глумици се борат со неизлечливи болести. На Доерти (48), во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојката, кој го излекува, но таа сега откри дека болеста ѝ се вратила и дека е во најтешкиот, четврти стадиум.
„Прашање е кога ова ќе излезе во јавноста, па јас ќе ви кажам дека ракот на дојката се врати и е во четврта фаза“, рече Шенон со солзи во емисијата „Еј-би-си њуз“.
На Селма Блер, пак, беше дијагностицирана мултиплекс склероза пред повеќе од една година. На социјалните мрежи таа често зборува за болеста и за третманот низ кој поминува.
https://www.instagram.com/p/B8Jmd15hQG7/?utm_source=ig_embed