Светската ѕвезда Селин Дион откри дека никогаш во животот не бакнала друг човек освен Рене Анџели, нејзиниот починат сопруг. Тоа го раскажа во телевизиско интервју. Селин имала само 12 години кога го запознала Рене, кој во тоа време имал 38 години и станал љубов на нејзиниот живот.
Колку Рене верувал во талентот на Селин, потврдува и фактот дека тој зел хипотека врз куќата за да го финансира првиот албум на популарната пејачка. Благодарение на Рене, Селин добила шанса да го покаже својот талент и да стане голема ѕвезда во шоу-бизнисот. И таа почнала да се заљубува во него, но врската ја започнале кога Селин наполнила 20 години.
По петгодишна врска, тие се венчале во 1991 година. Во 1998 година тие откриле дека Рене има рак на грлото. Тогаш Селин оставила сè за да биде со нејзиниот сопруг. По заздравувањето, тие добиле три деца, но во 2013 година ракот се вратил.
„Беше исклучително тешко за сите нас. За мене, особено затоа што гледав дека човекот што го сакам умира, малку по малку, секој ден“, рече Селин.
Рене почина во јануари 2016 година.
„Го сакам. Сè уште сум заљубена во него “, признала Селин.