Тиндер ја блокирал оти била убава

Инстаграм-моделот Холи Валентај тврди дека ја банирале од Тиндер бидејќи другите корисници го пријавувале нејзиниот профил, мислејќи дека е премногу атрактивна за да биде вистинска.

Девојката од Калифорнија има 1,2 милиони следачи на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии во оскудни изданија.

Како што вели, иако не е срамежлива пред камера, се затвора во себе кога запознава нови луѓе, па така решила да им даде шанса на апликациите. Ѝ биле потребни неколку часа за да добие тон пораки дека нејзиниот профил е сигурно лажен, а по тоа Тиндер ѝ забранил повторно логирање.

На крајот, не успеала да договори ниту еден состанок.

„Многу патувам и сакав да излезам на состанок да запознаам нови луѓе за време на патувањата, па така го платив најскапиоп пакет бидејќи така можете да ја менувате локацијата“, раскажала.

https://www.instagram.com/p/B8byoWxn5o2/

„Ме чинеше 86 долари, што е скапо за апликација. Користев јасни фотографии, направив сè што требаше, најдов неколку спојувања и тогаш започнав да гледам Игра на тонови. По неколку часа кога се обдов да се вратам на апликацијата, видов само неколку пораки, а потоа ме исфрли од апликацијата. Она што го видов на пораките беше дека профилот сигурно е лажен, зошто девојка како мене би имала профил и зошто не им враќам“, додала Холи.

Таа објаснила дека направила  истражување и открила дека луѓето можат да те исфрлат од Тиндер па е уверена дека некои ја пријавиле. Таа барала да ѝ бидат вратени парите од Епл и Тиндер, но засега не ги добила.

Scroll to Top