Популарниот пејач Владо Георгиев неодамна повторно изјави дека никогаш нема да се ожени со неговата девојка Милица Самарџија. Иако во јавноста ја нарекува сопруга, во интервју за српски „Курир“ тој откри дека не размислува за брак.
„И двајцата имаме ист став во однос на бракот – непотребно, одвишно и веќе видено. Тоа никому не му донело нешто добро. Важно е дека живееме како сакаме, го браниме нашето семејство и секогаш сме тука еден за друг. Не е лесно, но матичар – никако“, рекол Владо.
Тој и Милица се долги години во врска и имаат две ќерки, Софија и Елена.
Инаку, Георгиев е роден во Дубровник, но кратко време по неговото раѓање, семејството се преселило во Херцег Нови во Црна Гора, каде што израснал и живеел до 16-годишна возраст. Оттаму со неговиот брат Саша се преселиле во Белград. Владо е познат во јавноста како голем вљубеник во мотори, па патувал низ Европа со неговиот Харли-Дејвидсон. Тој се искачил и на Хималаите. Но, отакако е татко, вели, желбата за ризик и адреналин е сè помала.