Три тинејџерки од Америка, 18-годишната Викторија Рока и 17-годишните Сусана Капело и Каролина Багори, измислиле сламка што открива ако во пијалакот има дрогата за силување. Тие велат дека силувањето во текот на состаноците е голем проблем, особено кај студентките. Затоа сламката може да помогне да се спречи овој криминал кој зема сè поголем замав во САД.
Тие го смислиле концептот за сламката на час по претприемништво, па го пријавиле нивниот производ на натпреварот за бизнис-план „Мајами хералд“. Таму го освоиле првото место. Девојките се ученички во средното училиште „Гуливер“ во Флорида. Нивните паметни сламки вклучуваат две посебни ленти за тестирање – кога ќе се стават во пијалакот ако станат светлосини, тоа значи дека внатре има супстанција што често се користи за сексуална злоупотреба. Сламката може да ги идентификува најпопуларните форми на дрога за силување, вклучувајќи кетамин, рохипнол и гама-аминобутерна киселина.
„Знаеме дека ова не е решение бидејќи не можеме да му ставиме крај на силувањето, но се надеваме дека ќе го намалиме бројот на силувања и опасните ситуации во кои би можеле да се најдете токму поради овие дроги“, рекла Багори.
Едно истражување од 2016 година од Бирото за правда на САД откри дека силувањата на состаноци се меѓу најбројните случаи на силување. 21% од студентките на факултет на девет универзитети доживеале сексуален напад откако се запишале на факултет, а најголем број инциденти вклучуваат земање дрога и алкохол. Девојките на возраст од 16 до 24 години биле најтаргетирани групи.
Иако „Паметната сламка“ е одличен изум, трите тинејерки велат дека секоја девојка треба да секогаш да биде претпазлива, да не прифаќае пијалак од странец, сама да ги отвора пијалаците и да гледа додека шанкерот го прави пијалакот, ако планира да пуе, да има покрај себе некој што не пие и може да ја чува, да каже некому ако има чудни симптоми откако ќе испие пијалак, да не пие нешто што мириса и изгледа чудно или има необичен вкус.
Девојките велат дека ќе продолжат да бараат начини да ги подобруваат сламките, а планираат производот да биде прифатлив и доволно евтин да може да го купи секоја девојка.