Тинејџерката Изобел Кејси од Велика Британија, пропатувала 7.500 километри за да го испие своето прво пиво во пабот каде што неочекувано се родила пред 18 години. Нејзината мајка, Никол, се породила во пабот „Хартфорд мил“ во Витон на 14 февруари 2002 година. Семејството во 2006 година се преселило во Ванкувер, Канада, каде што живеат и денес.
Мајката Никол, која била медицинска сестра во блиската болница „Папворт“, добила силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите. Нејзиниот сопруг Нил сакал да ја одведе во болницата, но таа веќе почнала да се пораѓа во пабот. Тогаш Никол и Нил решиле дека Изобел треба да го прослави полнолетството таму и в „Хртфорд мил“ да го испие своето прво пиво.
Изобел ја споделила својата приказна на социјалните мрежи, па за британските медиуми изјавила дека е многу возбудена што се вратила на местото каде што се родила. Таа рекла и дека сака да се запише на програма за биологија во Велика Британија следната година.