Врнежите во Англија траат со денови, со што се излеа реката Темза од своето корито, и го поплави речиси целиот имот на холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата соруга Амал во Беркшир.
Под вода се тенискиот терен, кој се наоѓа крај имотот, како и терасата на нивната луксузна летна куќа. Инаку, ова е вторпат поради обилните дождови да се поплави куќата на популарната двојка. Првпат поплавата ги зафатила во 2016 година, кога уредувањето траело 18 месеци.